Објавено на:

(Видео) Земјотрес со јачина од 7,3 степени го погоди Мексико

t

Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на мексиканската сојузна држава Чијапас, по што беше издадено предупредување за можни цунами-бранови.

Според Американскиот геолошки институт (USGS), епицентарот бил во близина на пристанишниот град Пуерто Мадеро, на околу 13 километри од границата со Гватемала. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри. Првичната проценка беше дека магнитудата изнесува 7,4 степени, но подоцна беше коригирана на 7,3.

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами соопшти дека постои можност за опасни цунами-бранови на бреговите во радиус од 300 километри од епицентарот.

Иако станува збор за плиток земјотрес, кој може да предизвика посилни потреси на површината и свлечишта, засега нема информации за загинати или за поголема материјална штета.

Гувернерот на мексиканската држава Оахака, Саломон Хара, соопшти дека земјотресот бил почувствуван и во главниот град на државата, но дека според првичните информации нема повредени.

Потресот бил почувствуван и во Гватемала, каде што жителите на главниот град во паника ги напуштиле зградите и излегле на улиците. Претседателот Бернардо Аревало изјави дека засега нема информации за жртви и дека надлежните служби ја следат состојбата.

Началникот на мексиканската морнарица, Рајмундо Моралес, ги повика граѓаните да не се приближуваат до плажите, иако нагласи дека не се очекува нивото на морето да се зголеми за повеќе од еден метар и дека нема сериозни последици за поморскиот сообраќај. објави Скопје1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Земјотрес со јачина од 7,3 степени…

Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени…

Регистрирани 12 пожари во Македонија, активен е…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) излезе…

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на кадрите поддржани од СДСМ…

„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите…

Пирати грабнаа танкер за хемикалии во близина…

Пирати филмски грабнаа танкер за хемикалии во…

Гостиварски „Комуналец“ не прифаќа вина за масовното…

Директорката на гостиварското јавно претпријатие „Комуналец“ Артана…