ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на кадрите поддржани од СДСМ станува опасна по живот, доказ за тоа е случајот во Гостивар

t

„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, го повикуваше Венко Филипче, членството на СДСМ во Гостивар да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на минатите локални избори, се наведува во соопштението со кое ВМРО-ДПМНЕ реагира на појавата на масовно труење на граѓаните на Гостивар, кое според МВР, е резултат на загадена вода во градскиот водовор.

„Неспособноста на ваквите кадри поддржани од СДСМ и Венко Филипче, станува опасна по животот и здравјето на македонските граѓани. Потврда за ова е и последниот случај од Гостивар каде поради нестручно, непрофесионално и неодговорно поставени пумпи на општината и гостиварски „Водовод“ во отпадни води, изминатите дена над 1.000 граѓани се затруле и побарале медицинска помош.

Општинската власт во Гостивар целосно потфрли во своето работење и на граѓаните не успеа да им го обезбеди елементарното право на чиста вода за пиење и тоа во 21 век, кога светот зборува за брз технолошки развој и вештачка интелигенција.

ВМРО-ДПМНЕ бара итно расчистување на случајот и одговорност за сите инволвирани кои несовесно, непрофесионално и неодговорно ги извршувале своите работни активности.

На Македонија и на македонските граѓани потребни им се одговорни лица кои достојно, професионално, одговорно и во нивен интерес ќе ги извршуваат функциите за кои се избрани. Македонските граѓани заслужуваат да ги водат луѓе со интегритет кои ќе се грижат за нивниот живот и здравје, а не луѓе кои поради нивната неодговорност животот им го ставаат во опасност“ – се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Излезни анкети и „Полимаркет“ предвидуваат победа на…

Според процените на платформата за предвидувања „Полимаркет“,…

Вучиќ: Ако изгубиме, ќе ја признаеме волјата…

Александар Вучиќ, носител на изборната листа „Обединета…

Бугарија оди во втор круг: Јотова и…

Рекордно ниска излезност го одбележа првиот круг…

Студентите повикаа граѓаните да не одат во…

Студентската изборна листа „Студентите победуваат“ соопшти дека,…

Повторно судири меѓу демонстрантите и полицијата во…

Во Тирана, за време на студентскиот протест,…