(Видео) Левица има забелешки за изборниот процес – ова се деталите

t

Прва прес-конференција на портпаролот на #Левица Амар Мециновиќ за изборите на 8-ми мај 2024 година:

,,На некои пријавени изнемоштени и болни лица во Куманово вчера им било ускратено правото на глас. Избирачите списоци се полни со проблеми, им се ускратува правото на глас на луѓе, додека починати лица сеуште стојат на списоците. Луѓе со постојано живеалиште во Македонија се пронајдени на списоците за дијаспората.

Изборниот молк речиси да не важеше за никој освен за Левица. Во неколку општини и ИМ гласањето почнува подоцна, додека рекламен материјал пред ИМ е забележан во Кичевско, Чаир и Бутел.

Луѓе блиски до досегашната власт прават притисоци на наши активисти, додека во Општина Долнени активисти на најголемата опозициска партија вршат притисок врз наши членови и на наши модератори им се закануваат до откази после изборите.

Очекуваме да продолжат овие нерегуларности и недостатоци. Левица освен што ја менува политичката култура, туку се покажува и како фактор на демократизација на процесите.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија бара средства за зголемување на воената…

Германската влада бара дополнителни средства за зголемување…

Русија во Иран испраќа два авиони, хеликоптер…

Рускиот претседател Владимир Путин, наредил испраќање на…

Груевски се огласи на Фејсбук за промената…

Грчките политичари деновиве јавно си раскажуваат меѓусебе…

(Видео) Украина префрла нови резерви во Вовчанск:…

Додека руските сили веќе ја преминаа северната…

Што имало во куферот на Љупчо Палевски…

Љупчо Палевски – Палчо 5 дена веќе…