(Видео) Мега дипломатски скандал: Бугарија организирала бегство на Михаилова – лицето нема евидентиран излез од територија на Македонија!
Ива Михаилова која во Македонија се гони за сообраќајна незгода со смртни последици денеска се појави во Бугарија во болницата Пирогов каде наводно ќе се лекува од последиците од незгодата.
Она што беше проблематично за македонската јавност е како Михаилова ја поминала границата со Македонија имајќи во предвид дека судот во Кочани и ги има одземено двете патни исправи, македонска и бугарска како дел од мерките за претпазливост за да се спречи нејзино бегство.
Инфомакс испрати прашања до МВР за тоа дали и како Михаилова успеала да мине граница со лична карта имајќи во предвид дека за патување во Шенген зоната мора да се поседува пасош како патна исправа.
Од МВР посочуваат дека Михаилвоа не е евидентирана дека поминала граница на ниту еден од граничните премини во Македонија.
Почитувани, во однос на лицето за кое прашувате, Ве известуваме дека се извршени проверки во системот за гранична контрола на Министерството за внатрешни работи, при што е утврдено дека за наведеното лице нема евидентиран излез од територијата на Македонија, велат од МВР.
Претходно неколку бугарски пратеници ја посетуваа Михаилова во нејзиниот дом во Кочани, а имаа и посета во судот на едно од нејзините рочишта.
Македонската држава на барање на Бугарија дозволи Михаилова да биде посетена и од страна на бугарски доктори.
Но очигледно е дека бугарската држава во меѓувреме работела зад кулисите и практично учествувала и реализирала бегство на македонски државјанин кој во нашата држава се гони за тешки кривични дела во сообраќајот.
На видеото од Пирогов во Софија се гледа дека зад Михаилова има неколку лица кои делува како да се дел од органите за безбедност на соседна Бугарија.
Во изјавата Михаилова вели дека по неа дошол адвокатот кој е бугарски државјанин и тој ја однел во Бугарија.
„ Вчера се чувствував многу лошо. Разговарав со мојот адвокат и се договоривме – заедно одлучивме тој да дојде по мене и јас да се вратам во Бугарија. Ги предадов документите на проверка и нè пуштија. Поминавме низ контрола. Немаше ништо незаконско во моето преминување. Следно, треба да бидам примена во болницата ‘Пирогов’ на лекување, по што ќе следи рехабилитација“, изјави Михаилова за БНТ.
Ако странска држава свесно организира бегство на македонски граѓанин за да спречи негово апсење, судење или извршување казна, можни се кривични, дипломатски и меѓународноправни последици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еве што наше даде Бугарија на Грција…
По 109 години, Бугарија ѝ врати на…
Бил Гејтс предупредува: Во 2027 година нè…
Бил Гејтс предупреди дека човештвото би можело…
(Видео) Мега дипломатски скандал: Бугарија организирала бегство…
Ива Михаилова која во Македонија се гони…
Судот не дозволил Михаилова да замине од…
Кочанчанката Ива Михаилова, на која ѝ се…
Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека…
Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските…