Објавено на:

(Видео) Мицкоски го нема: Вучиќ се појави во изборниот рекламен спот на Орбан заедно со лидерите на европската десница

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ се приклучи на изборната кампања на унгарскиот премиер Виктор Орбан преку учество во промотивен спот.

Во видеото, покрај Вучиќ се појавуваат уште десет политичари, меѓу кои и премиерите на неколку земји и крајно десничарските лидери од Германија и Франција, објавува порталот Нова.рс.

Во видеото за изборите, кои беа распишани денеска за 12 април, Орбан е поддржан од премиерите на Италија, Чешка и Израел – Џорџа Мелони, Андреј Бабиш и Бенјамин Нетанјаху. Меѓу политичарите се и крајно десничарските опозициски лидери: копретседателката на Алтернатива за Германија (AfD) Алис Вајдел, лидерката на Националниот собир во францускиот парламент Марин Ле Пен, претседателот на шпанската партија Вокс, Сантијаго Абаскал Конде, и претседателот на Партијата на слободата на Австрија, Херберт Кикл.

Вучиќ во видеото вели: „Се надевам дека следните избори ќе значат многу за сите нас, што значи дека ќе бидеме сведоци на уште една победа за Фидес“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мицкоски го нема: Вучиќ се појави…

Српскиот претседател Александар Вучиќ се приклучи на…

Пожар во стан во Тетово, едно лице…

Голем пожар вчера зафати стан во Тетово,…

„МОЈ ДДВ“ НЕ ГО ДАДЕ ПОСАКУВАНИОТ ЕФЕКТ:…

Иако во моментов не се разговара за…

Николоски: Ударите на Венко Филипче кон Велика…

Времето ја демантираше опозицијата, мигрантите не се…

Вучиќ одби средба со европратеници: делегацијата „доаѓа…

Српскиот претседател Александар Вучиќ на 13 јануари…