„МОЈ ДДВ“ НЕ ГО ДАДЕ ПОСАКУВАНИОТ ЕФЕКТ: Петрова вели дека нема одлука за укинување, но мерката „јаде“ по 14,5 милиони евра квартално

t

Иако во моментов не се разговара за укинување на популарната мерка „Мој ДДВ“, директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова, предупредува дека проектот е скап за буџетот, а не ја исполнил својата основна цел – сузбивање на сивата економија.

Во интервју за емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, Петрова ги изнесе бројките кои покажуваат колку државата ја чини повратот на данок кон граѓаните.

Според податоците за 2025 година, трошоците се сериозни:

Квартален трошок: Околу 14,5 милиони евра се исплаќаат на секои три месеци.

Број на корисници: Во просек, околу 502.000 граѓани скенираат сметки.

Удел во буџетот: За оваа мерка се одвојуваат околу 4% од вкупната годишна наплата на ДДВ, што е еквивалентно на половина од целиот месечен приход од ДДВ што го собира државата.

Петрова потсети дека главната цел на мерката, воведена во 2019 година, беше секој граѓанин да се стави во улога на „даночен инспектор“ и преку барање фискални сметки да се намали сивата економија.

Сепак, нејзината оценка е дека тоа не се случило:

„Состојбите кои што ги гледаме на терен и внатрешните податоци, јасно водат до заклучок дека мерката не го дала посакуваниот ефект“, децидна е Петрова.

Ќе се укинува ли?

И покрај слабите резултати во борбата против сивата економија и високата цена, директорката смирува дека нема одлука за запирање на исплатите.

„Не можам да кажам дека постои некаква таква одлука или намера. Меѓутоа, кога се трошат јавни средства, мора да се разговара за ефикасноста“, заклучи таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…