(Видео) Повеќе стотици илјади луѓе протестираа во Истанбул поради апсењето на Имамоглу

Повеќе стотици луѓе протестираа денес во Истанбул поради апсењето на градоначалникот Екрем Имамоглу, главниот политички ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Демонстрантите носеа турски знамиња и транспаренти на азиската страна на градот на собирот наречен „Слобода за Имамоглу“. Во тој дел од градот се распоредени значителни полициски сили.
На собирот беше прочитано писмо од Имамоглу, пренесуваат агенциите.
„Немам страв, вие сте зад мене и со мене. Немам страв бидејќи нацијата е обединета. Нацијата е обединета против репресорот“, наведе тој во писмото.
„Можат да ме бутнат во затвор и да ми судат колку што сакаат, нацијата покажа дека ќе ги разбие сите замки и сплетки“, додава во писмото.
Стотици илјади луѓе низ Турција се одзваа на демонстрациите на кои повика опозицијата откако Имамоглу беше приведен минатата недела, за обвиненија за корупција.
Протестите главно беа мирни, но приведени се речиси 1.200 луѓе.
Главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), други опозициски партии, групите за човекови права и некои западни земји случајот против Имамоглу го карактеризираат како обид да се елиминира потенцијалната закана за Ердоган на изборите.
Лидерот на ЦХП, Озгур Озел, на митингот кажа дека милиони Турци бараат ослободување на Имамоглу и избори.
Тој кажа дека обвиненијата против градоначалникот се неосновани и политички мотивирани, а ЦХП повика на бојкот на медиумите, марките и продавниците за кои наведуваат дека се блиски до режимот на Ердоган.
ЦХП го поддржа Имамоглу како свој кандидат на следните претседателски избори најавени за 2028 година.
Меѓутоа, ЦХП сега повикува на вонредни избори, истакнувајќи дека владата го изгубиле легитимитетот.
The size is always up for debate, but this is a rather large demonstration by the Turkish opposition in Istanbul against Imamoğlu’s arrest.
— Ragıp Soylu (@ragipsoylu) March 29, 2025
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Повеќе стотици илјади луѓе протестираа во…
Повеќе стотици луѓе протестираа денес во Истанбул…
Фон дер Лајен: Европа секогаш била и…
Европа секогаш била и ќе биде проект…
Бенон: Трамп може да оди во затвор…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, може да…
Велешкото обвинителство покрена постапка за деца кои…
Велешкото обвинителство покрена постапка за деца кои…
„Исклучете го ова!“ – на настап на…
Српската пејачка Барбара Бобак, настапи синоќа, на…