Велешкото обвинителство покрена постапка за деца кои снимиле сексуално видео со дете и го уценувале
Велешкото обвинителство покрена постапка за деца кои снимиле сексуално видео со дете и го уценувале, сите се помлади од 15 години.
Малолетници од Велес кои не наполниле 15 години, снимиле сексуално експлицитно видео на нивните мобилни телефони со дете кое исто така немало 15 години. Малолетниците со снимката го уценувале детето, со што сториле кривични дела уцена и полов напад врз дете кое на наполнило 15 години.
Видеото кружело помеѓу учениците во основните училишта во Велес, а истото било снимено на летниковец на улицата Браќа Капчеви во Велес. Инволвираните малолетници во случајот се од различни основни училишта од градот, додека едно дете се појавува како сторител на кривични дела насилство и тепачка во неколку наврати во изминативе месеци.
Од Основното јавно обвинителство Велес информираа дека веќе презеле дејствија во предметот.
„За пријавеното малолетно лице кое е под возраста што дозволува да биде кривично одговорно известен е Центарот за социјални работи за да преземе соодветни дејствија. За пријавен малолетник кој е на возраст од 14 години, пак, поведена е постапка и до судијата за деца во Основниот суд Велес предложена е мерка згрижување во воспитна установа додека трае постапката против него. Се работи на обезбедување на сите докази, а Обвинителството и надлежните служби преземаат дејствија за целосно испитување на настанот“, соопштија од ОЈО Велес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов вандалски чин во Влае: Пешачкиот премин…
Пешачкиот премин „Влајко“ во скопската населба Влае…
Андоновски: Личната карта и возачката дозвола ќе…
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во…
Трагедија во Истанбул: Се урнаа три ката…
Најмалку две лица загинаа откако утрово делумно…
Украина нападна руска рафинерија на 2.500 километри…
Неколку часа по рускиот напад врз Краматорск,…
Околу 1.000 нови случаи на рак на…
Околу 1.000 нови случаи на рак на…