(Видео) Прв сериски убиец со дело фемицид во Македонија: 4 довршени убиства и две во обид – Детали за серискиот убиец од Старо Нагоричане

t

ОЈО Куманово спроведе предистрага и истрага од која произлезе проширување на истрагата за уште четири нови кривични дела против истиот сторител, две убиства од чл 123 став 2 точка 2а и точка 4 и два обиди за убиство од истиот квалификаторен облик, ова е прв сериски убиец со кривично дело фемицид, соопшти денеска на брифинг со медиумите обвинителот Љубомир Лапе во врска со случајот со серискиот убиец од Старо Нагоричане.

– Собравме доволно докази од кои произлегоа доволно овие факти, можам да потврдам дека сите наводи изнесени во медиумите беа проверени лично од моја страна, дел не се потврдија, не бил апсен во Скопје, па пуштен. На социјалните мреѓи проструија и некои снимки, тоа исто не се потврди, но се потврди дека се работи за сериски убиец кој кривичните дела ги извршувал врз основа на родово базирано насилство, а се содржани и други елементи, убиства на подмолен начин, користољубие, тој дел уште ќе се доработува. Очекуваме благовремено да биде поднесено обвинение против ова лице, истакна обвинителот според кој за отприлика еден месец може да очекуваме обвинение.

Направено е психијатриско вештачење на осомничениот и е утврдено дека истиот бил свесен за кривичните дека и целосно пресметлив.

– Психијатриско вештачење има од три вешти лица од Клиника за психијатрија Скопје, од тоа вештачење произлезе дека сторителот е кривично-правно одговорен, свесен за постапките, не боледува од болест што може да го спречи судењето и бил целосно пресметлив.

Обвинителот ја објасни хронологијата на истрагите.

– На почетокот истрагата се однесуваше на убиство на едно женско лице, потоа се појави второ женско лице, тогаш прострујуваше во јавноста дека се истражуваат и други случаи и точно, се истражуваше, вкупно се 6 кривични дела каде жртвите се жени, од кои 4 се убиства, а две се во обид. Самата бројка според мене е доволна да се работи за фемицид, тој не напаѓа во круг на семејство, или дека имал некакви врски со нив, жртвите ги бира затоа што се жени.

Извршени се три ексхумации, само во еден случај не се потврди дека се работи за кривично дело убиство. Сите жртви се од истото подрачје, Старо Нагоричане. Сторителот оперира на тоа подрачје. Тоа е слабо населен регион, куќите се од разбиен тип, до сега нема никакви индиции дека делувал надвор од овој регион, објасни обвинителот.

Жртвите на обидот за убиство се сослушани од страна на обвинител.

Обвинителот додаде дека до него пристигнала информација дека СВР Куманово има поднесено кривична пријава за лекарите, кои констатирале смрт без траги на насилство кај жртвите.

– За лекарите што констатирале природна смрт, СВР Куманово достави кривична пријава против две лица за констатациите на смрт. Од сите проверки не се утврдени пропусти од кривично-правен карактер кај полициските службеници, наведе обвинителот.

Хронологија на истрагите

– За првите две убиства, првата наредба за истрага е за настан во период од 27.01.2026 до 12.02.2026. Втората истрага за кривично дело убиство сторено во точен и утврден временски период од 17.01 до 18.01.2026. Новиве две убиства, едното е убиство помеѓу 05.01 и 06.01.2025, второто е во временски период меѓу 05.06 и 07.06.2025 година, наведе обвинителот.

Обидите се на ден 22 јули 2025 година, вториот обид за убиство е на 9 февруари 2026 година.

До овој момент не е утврдено постоење на сомневање дека некој од неговите блиски, семејство итн, учествувал во било која форма во кривично дело убиство.

Осомничениот е неженет, нема деца, на возраст од 25 години.

Обвинителот наведе дека притворот за овој тип на кривично дело може да трае од три до шест месеци, во тој период мора да се поднесе обвинение, а сите рокови ќе бидат испочитувани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Прв сериски убиец со дело фемицид…

ОЈО Куманово спроведе предистрага и истрага од…

Српски државјанин е уапсен во Скопје, осомничен…

Во заедничка акција на српското Министерство за…

Мицкоски за уапсениот обезбедувач: Уште еден доказ…

Институциите постапуваат за случајот, законот важи подеднакво…

25 години од почетокот на воениот конфликт…

Денеска се навршуваат 25 години од официјалниот…

Гаши: Таа ноќ Кочани и Македонија изгубија…

Некои ноќи завршуваат рутински, некои ноќи завршуваат…