Мицкоски за уапсениот обезбедувач: Уште еден доказ дека законот важи за сите

t

Институциите постапуваат за случајот, законот важи подеднакво за сите, без исклучок – рече премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање за припадник на неговото обезбедување, кој е уапсен по пријава за физички напад врз својата сопруга.

Мицкоски нагласи дека ова не е единствен случај поврзан со лица од неговото обезбедување и дека нема толеранција за какви било прекршувања. Тој истакна дека во конкретниот случај институциите постапуваат и дека законот важи подеднакво за сите, без исклучок.

Според него, системот функционира и постапувањето на надлежните органи е доказ дека нема заштитени лица, за разлика од претходни практики, како што рече, кога слични случаи не биле санкционирани.

– Ова е втор случај поврзан со човек од моето обезбедување, во кој исто така гледаме дека законот важи за сите, за разлика од порано, кога членови на обезбедување на претседателот тепаа граѓани, се изживуваа по дискотеки, па минуваа неказнети, во овој случај гледате, мал престап и гледате, системот функционира – рече Мицкоски.

Тој додаде дека нема да толерира недисциплина и дека секој што ќе го прекрши законот ќе сноси одговорност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…

Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…

Со цел да не се шират шпекулации…

Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…

Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…

Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…

Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…