(Видео) Рама објави видео – десетици ракувања со европските лидери, само Мицкоски го нема
Тирана беше домаќин на самитот на Европската политичка заедница и на едно место ги собра сите значајни европски лидери.
Домаќинот на самитот, албанскиот премиер Еди Рама утрово објави видео од приемот на шефовите на влади и држави.
Емануел Макрон, Реџеп Таип Ердоган, Џорџа Мелони, Кир Страмер, Виктор Орбан, Александар Вучиќ, Володимир Зеленски беа само дел од важните личности што се најдоа во видеото на Рама.
Но во ниту една секунда од видеото, не се појави македонскиот премиер Христијан Мицкоски.
Не е познато дали станува за случен или намерен превид од агенцијата задолжена за односи со јавност на Рама или пак Мицкоски задоцнил да се поздрави со домаќинот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Koстадинов за ДПМНЕ: Нема отпор, нема храброст…
КАДЕ Е ПАТРИОТИЗМОТ, ВМРО-ДПМНЕ?! На вашата “патриотска”…
Професорот Трајковски: Владата премолчува колку скапо ќе…
Проф. д-р Дејан Трајковски, со објава на…
Моралната одговорност не се мери на избори
Премиерот Христијан Мицкоски многу добро ја знае…
Израел им забрани на граѓаните да ја…
Израел им забрани на своите граѓани да…
Успешна евакуација на првата група македонски државјани…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…