Објавено на:

(Видео) Руски дрон ја погоди фабриката на „Кока-Кола“ кај Киев, има повредени

t

Руските сили со нови напаѓачки беспилотни летала ја нападнале Киевската област, при што, според украинските медиуми, била погодена фабрика на „Кока-Кола“ во областа Бровари.

По новиот напад со беспилотни летала повторно биле активирани сирените за воздушна опасност во поширокиот регион на Киев. Локалните власти соопштиле дека има повредени во близина на градот Славутич, каде што остатоци од соборени беспилотни летала повредиле минувачи и оштетиле автомобили паркирани покрај патот.

Точниот обем на штетата во индустриската зона сè уште се утврдува. Украинските извори наведуваат дека во нападот бил употребен „Геран-5“, понова руска верзија на беспилотните летала од семејството „Геран“, развиени врз основа на иранските модели „Шахед“.

Според досегашните информации, новите верзии на овие летала имаат поголем дострел, подобрени системи за наведување и посилни боеви глави, што им овозможува полесно да ја пробиваат противвоздушната одбрана.

Нападот е дел од серијата руски воздушни напади врз украинските градови, при што Киев и неговата околина се меѓу главните цели. Во нападите се користат голем број беспилотни летала, но и балистички ракети, а мета се енергетски објекти, сообраќајна и индустриска инфраструктура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Руски дрон ја погоди фабриката на…

Руските сили со нови напаѓачки беспилотни летала…

Вучиќ за шпионирањето на студентите: И мене…

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги коментираше наводите…

Медведев со нови закани: Германија ја продолжува…

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј…

Сибиха: Украина се надева на „нова динамика“…

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха…

ЕУ ги менува правилата за онлајн пратки,…

Советот на ЕУ даде конечно одобрение за…