Објавено на:

(Видео) Трагедија во Перу: Се урна туристички авион, загинаа сите патници

t

Тринаесет лица загинаа при пад на туристички авион за време на панорамски лет над светски познатите линии во Назка, едно од најпосетуваните археолошки локалитети во Перу.

Според локалните власти, во авионот имало 11 патници и двајца пилоти, а леталото се урнало во поле во близина на градот Назка. Нема преживеани.

Авионот полетал од блискиот град Ика и бил во сопственост на перуанската компанија „Аеродиана“, која со години организира туристички летови над древните геоглифи, впишани на Листата на светско наследство на УНЕСКО.

Причината за несреќата засега не е позната. Перуанските власти отворија истрага, а повеќе информации за околностите под кои дошло до падот на авионот се очекуваат по завршувањето на увидот и идентификацијата на жртвите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Трагедија во Перу: Се урна туристички…

Тринаесет лица загинаа при пад на туристички…

Трамп си ја „присвои“ Венецуела: Објави фотографија…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно објави слика…

Рајна и Дунав се сушат: Европа се…

Европа се соочува со голема суша по…

Избегнувајте да купувате храна со нагмечена или…

Да се избегнува купување храна со оштетена…

Денеска го славиме Свети Илија, еден од…

Денеска, на втори август, Божјата Црква и македонскиот народ…