Избегнувајте да купувате храна со нагмечена или надуена амбалажа, предупредува АХВ

t

Да се избегнува купување храна со оштетена амбалажа (нагмечена, надуена или напукната), разладените или замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето, а лесно расипливата храна, како месото, млекото и јајцата, да не се чуваат долго време во автомобили и во други транспортни средства, препорачува Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). И Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излезе со препораки за исхрана при топло време. Оттаму препорачуваат граѓаните да консумираат „лесни“ и квалитетни оброци, добро избалансирани и редовни, а сочинети од сезонски намирници. Храната со висока содржина на вода, исто така ќе помогне да се биде хидриран во летните временски услови.

„Разладената храна да се чува на температура пониска од 5 степени, а храната што треба да се зготви термички да се обработи на температура повисока од 60 степени. Новото зголемување на температурите, кои во одредени региони се очекува да достигне и над 40 степени, го зголемува ризикот од труење со храна. Високите температури се погодни за размножување на микроорганизми во храната, поради што особено внимание треба да се посвети на начинот на купување, транспорт и чување на лесно расипливите производи“, велат во АХВ.

Храната треба да се купува од проверени места, каде што производите, посебно месото, млекото и јајцата, се чуваат на соодветни температури.

„Да се избегнува купување храна со оштетена амбалажа (нагмечена, надуена или напукната), разладените или замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето, а лесно расипливата храна, како месото, млекото и јајцата, да не се чуваат долго време во автомобили и во други транспортни средства. Да се избегнува купување разладена или замрзната лесно расиплива храна, која се чува надвор од ладилник или замрзнувач. Разладената храна да се чува на температура пониска од 5 степени, а храната што треба да се зготви термички да се обработи на температура повисока од 60 степени. Овошјето и зеленчукот пред употреба темелно да се измијат под млаз вода, месото, млекото и јајцата термички добро да се обработат. По подготовката, изладена, храната да се чува во фрижидер“, велат од АХВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Штипјанец украл паричник од вработена на Клиничкиот…

Штипјанец вчера украл паричник и други предмети…

Русите во јуни префрлиле рекордни 321 милијарда…

Во јуни Русите префрлиле 321 милијарда рубљи…

ОД УТРЕ МОЖЕТЕ ДА ПАТУВАТЕ СО ГРАДСКИ…

Повторно се воспоставува желеничката врска меѓу Зелениково…

НБРМ: Инфлацијата забавува и е во рамките…

Советот на Народната банка ги разгледа најновите…

Девет активни пожари на отворено во Македонија

До 13 часот денеска во државава се…