(Видео) Шокантна снимка од Куманово: Нов случај на врсничко насилство – девојче опколено во ќош и удирано со шлаканици и клоци

t

Ново вознемирувачко видео од меѓуврсничко насилство, овојпат во Куманово објавено од серијалот „Без цензура“ на новинарката Лиридона Вејсели.

Станува збор за настан кој според нашите информации се случил пред 1 месец, а во полициска станица Куманово имало обид да биде пријавен вчера, но девојчето што е жртва, дури денеска е примено на разговор во полиција. На видеото девојчето е брутално удирано од три други девојчиња, од кои едното според нашите информации има 19 години, со повеќе шлаканици и клоци. Во еден момент сторителките ја кубат за коса жртвата, оттурнуваат во ѕидот додека таа е во шок. Иницијално, овој напад е објавен на социјалната мрежа „снепчет“ со опис „кога ќе ме пцуеш, ќе јадеш и ќотек“, пренесува Слободен Печат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Загина 21-годишна девојка во тешка сообраќајна несреќа…

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи…

(Видео) Шокантна снимка од Куманово: Нов случај…

Ново вознемирувачко видео од меѓуврсничко насилство, овојпат…

(Видео) Русија го покажа новото оружје, стана…

На социјалните мрежи се појави снимка од…

Драма во Скопје: Среде Центар пукале од…

Во СВР Скопје на 12 јули 2026…

Скопјанец со нож го убил таткото, кој…

Синоќа е уапсен скопјанец кој со нож…