Објавено на:

Загина 21-годишна девојка во тешка сообраќајна несреќа во Црна Гора, 16 лица се повредени

t

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи во местото Липци во Црна Гора загина 21-годишна девојка, а уште 16 лица се повредени.

Во несреќата учествувал минибус со српски државјани, кој излетал од патот и удрил во карпеста косина, по што се превртел.

Повредените се пренесени во болницата во Рисан, а десетгодишно дете со тешки повреди е транспортирано во Клиничкиот центар на Црна Гора.

Од болницата соопштија дека девет пациенти имаат тешки телесни повреди, но во моментов се во стабилна состојба. Полицијата соопшти дека причините за несреќата се испитуваат, а првичните информации укажуваат дека можен фактор биле заморот и поспаноста на возачот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВИ-агент на „Опен еј-ај“ повторно проби на…

Од „Опен еј-ај“ (OpenAI) соопштија дека уште…

Србија ja продолжи забраната за извоз на…

Србија ја продолжи привремената забрана за извоз…

Mицкоски: Вештачката интелигенција повеќе не е тема…

Вештачката интелигенција, енергетските системи, дата центрите и…

Путин по заканите од Естонија за војна:…

Рускиот претседател Владимир Путин со потсмев одговори…