Викендов во Гостивар преглед побарале 84 нови пациенти
Министерството за здравство ја оценува епидемиолошката состојба во Гостивар како стабилна и континуирано ја следи. Од 4.684 луѓе кои побарале здравствен преглед досега, 1.061 е заведен со пријава за заразна болест, а на 738 луѓе им се изработени епидемиолошки анкети. Вчера и завчера имало 84 нови прегледи реализирани кај граѓани за првпат. Епидемија беше прогласена на 19 јули.
Во текот на 2 август се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи. И покрај дневното зголемување, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 јули, кога беа регистрирани вкупно 649 прегледи.
Во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје не се пристигнати нови лабораториски потврдени случаи. Последните примероци од суспектните случаи се негативни на ПЦР-тестирањето. Исто така, на Клиниката за инфективни болести нема новопримени пациенти со сомнение за западнонилска треска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Викендов во Гостивар преглед побарале 84 нови…
Министерството за здравство ја оценува епидемиолошката состојба…
СДСМ: Две години водата во Гостивар не…
СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека…
Не може да се прогнозира кога водата…
Министерот за здравство, Сашо Клековски, изјави дека…
До крајот на неделата водата во Гостивар…
Во Гостивар се регистрирани 71 нов прв…
СДСМ: Власта сега признава ризик од хепатит…
Соопштение за јавност По епидемијата предизвикана од…