Не може да се прогнозира кога водата во Гостивар повторно ќе биде безбедна за пиење

t

Министерот за здравство, Сашо Клековски, изјави дека анализите на водата од градскиот водовод во Гостивар продолжуваат и ќе се вршат и во текот на викендот, поради што во моментов не може да се каже кога ќе биде укината забраната за користење на водата за пиење.

По посетата на Клиничката болница во Штип, Клековски посочи дека секојдневно се земаат примероци од повеќе кориснички точки и дека забраната ќе остане на сила сè додека не се добијат три последователни исправни резултати.

„Штом три примероци по ред бидат соодветни за консумирање, водоснабдувањето ќе биде пуштено во употреба. Во моментов водата може да се користи за други намени, но не и за пиење и подготовка на свежа храна“, изјави Клековски.

Тој нагласи дека не сака да шпекулира со рокови и потсети дека дури по три последователни исправни анализи, Агенција за храна и ветеринарство ќе може да ја укине забраната за употреба на водата за пиење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не може да се прогнозира кога водата…

Министерот за здравство, Сашо Клековски, изјави дека…

До крајот на неделата водата во Гостивар…

Во Гостивар се регистрирани 71 нов прв…

СДСМ: Власта сега признава ризик од хепатит…

Соопштение за јавност По епидемијата предизвикана од…

Алмир Даути в.д директор на ЈП Комуналец…

Алмир Даути е назначен за в.д. директор…

„За 250 евра страда цел град“ –…

Доктор Никола Пановски со остра реакција на…