Објавено на:

Висок ризик од пожари централниот дел на државата и околината на градот Куманово

t

Дневен преглед на пресметани и детектирани вредности од Македонскиот информативен систем за шумски пожари – 11 јули 2025 година

📍 Детектирани се вкупно две горливи точки во околината на селото Николиќ, во општина Дојран

Дежурниот Оперативен центар на Центарот за управување со кризи потврди појава на пожари на отворен простор на овие локации.

——————-

🔥 Метеоролошки индекс на опасност од пожар (Fire Weather Index)

Овој индекс се пресметува врз основа на податоци од автоматските метеоролошки станици на Управата за хидрометеоролошки работи, а вклучува параметри како температура на воздухот, релативна влажност, брзина и правец на ветерот.

🔴 Многу висок ризик од пожари – централниот дел на државата и околината на градот Куманово

🟠 Висок ризик од пожари – во останатиот дел од територијата на Република Северна Македонија

🟡 Среден ризик од пожари и

🟢 низок ризик од пожари – во подрачјата околу планината Шара и други помалку загрозени региони

⸻———

🌿 Состојба на сувост на вегетацијата (Vegetation Dryness Map)

Состојбата на сувост на вегетацијата се мери преку сателитски податоци од Системот на НАСА за информации за пожари за управување со ресурси (NASA FIRMS).

🔴 Висока сувост на вегетацијата – во повисоките планински предели, што укажува на висока ранливост на вегетацијата и потенцијал за појава на пожари

🟡 Средна сувост на вегетацијата и

🟢 ниска сувост на вегетацијата – во пониските предели, каде ризикот од пожари е помал

📡 Горливите точки се автоматски детектирани преку сателитски сензори (MODIS и VIIRS) и укажуваат на потенцијални активни пожари или извори на топлина на територијата на државата.

Карта 1: Горливи точки

Карта 2. Метеоролошки индекс на пожар (Fire Weather Index – FWI)

Карта 3. Карта на Сувост на вегетација (Vegetation Drynes Map – VDM)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Енчев бара Бугарија да го отповика својот…

Бугарскиот дипломат и поранешен амбасадор, Велизар Енчев…

Пламнаа пожари и околу Куманово – во…

Попладневно избувнаа неколку пожари на различни локации…

(Видео) Ангелов отиде во Чучер-Сандево и порача…

Откако Инфомакс објави видеа од пожарот во…

Костова: Мицкоски е виновен за отворање на…

Единствено Мицкоски и ДПМНЕ се виновни што…

ЦУК: Пожарот во Самоков беше веднаш изгаснат…

Регионалниот центар за управување со кризи Македонски…