Висок ризик од пожари централниот дел на државата и околината на градот Куманово
Дневен преглед на пресметани и детектирани вредности од Македонскиот информативен систем за шумски пожари – 11 јули 2025 година
Детектирани се вкупно две горливи точки во околината на селото Николиќ, во општина Дојран
Дежурниот Оперативен центар на Центарот за управување со кризи потврди појава на пожари на отворен простор на овие локации.
——————-
Метеоролошки индекс на опасност од пожар (Fire Weather Index)
Овој индекс се пресметува врз основа на податоци од автоматските метеоролошки станици на Управата за хидрометеоролошки работи, а вклучува параметри како температура на воздухот, релативна влажност, брзина и правец на ветерот.
•
Многу висок ризик од пожари – централниот дел на државата и околината на градот Куманово
•
Висок ризик од пожари – во останатиот дел од територијата на Република Северна Македонија
•
Среден ризик од пожари и
•
низок ризик од пожари – во подрачјата околу планината Шара и други помалку загрозени региони
⸻———
Состојба на сувост на вегетацијата (Vegetation Dryness Map)
Состојбата на сувост на вегетацијата се мери преку сателитски податоци од Системот на НАСА за информации за пожари за управување со ресурси (NASA FIRMS).
•
Висока сувост на вегетацијата – во повисоките планински предели, што укажува на висока ранливост на вегетацијата и потенцијал за појава на пожари
•
Средна сувост на вегетацијата и
•
ниска сувост на вегетацијата – во пониските предели, каде ризикот од пожари е помал
⸻
Горливите точки се автоматски детектирани преку сателитски сензори (MODIS и VIIRS) и укажуваат на потенцијални активни пожари или извори на топлина на територијата на државата.
Карта 1: Горливи точки
Карта 2. Метеоролошки индекс на пожар (Fire Weather Index – FWI)
Карта 3. Карта на Сувост на вегетација (Vegetation Drynes Map – VDM)



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двегодишно дете се затруло со лекови во…
Уште еден случај на затруено дете во…
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…