Владата го демантира СДСМ: Шише вода од 1,5 литри кое чини најмалку 25 денари, го набавуваме по цена од 12,5
Владата ги отфрли како „невистинити“ и „целосно измислени дезинформации“ обвинувањата што денеска ги изнесе СДСМ во врска со набавката на флаширана вода за граѓаните на Гостивар, оценувајќи дека станува збор за обид за манипулација на јавноста.
Во однос на набавката на флаширана вода за Гостивар, од Владата велат дека точно е дека постапката со преговарање ја спроведе Службата за општи и заеднички работи и обезбедува вода бесплатно за граѓаните, а договорот преку тендер го доби компанијата „Кожувчанка“. Од Владата појаснуваат дека шише вода од 1,5 литри кое во малопродажба чини најмалку 25 денари, Владата го набавува по цена од 12,5 денари.
„Тоа е возможно затоа што компанијата „Кожувчанка“ учествува во набавката со сопствен придонес, со цел да им се помогне на граѓаните и институциите во услови на кризна состојба. Фактите се јасни и лесно проверливи. Обидите за нивно искривување нема да ја променат вистината“, велат од Владата во демантот.
Оттаму апелираат до СДСМ да престанат, како што велат, безобразно да лажат.
„Во отсуство на реални теми и аргументи, СДС повторно се служи со лаги и искривување на фактите, надевајќи се дека ќе ја доведе јавноста во заблуда. Владата останува доследна на преземената обврска дека граѓаните на Гостивар ќе добиваат безбедна вода за пиење сè додека стручните лица и надлежните институции официјално не потврдат дека водата од водоводниот систем е исправна за употреба. Ова ветување целосно се исполнува и нема да биде доведено во прашање“, порачаа од „Илинденска бр.2“.
Додека водата во Гостивар и денеска останува небезбедна за пиење, СДСМ обвини дека Владата ја претворила здравствената криза во бизнис-зделка од околу 100.000 евра со компанија поврзана со кадар на ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија тврдат дека Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на флаширана вода во вредност од 100.000 евра преку директно договарање, без претходно објавен јавен оглас. Според СДСМ, договорот бил склучен со „Кожувчанка“, компанија за која партијата наведува дека е во сопственост на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, а постапката ја спровел директорот на СОЗР, Ивица Томовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата го демантира СДСМ: Шише вода од…
Владата ги отфрли како „невистинити“ и „целосно…
СДСМ: Владата купи вода за Гостивар за…
Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја…
ВМРО-ДПМНЕ му возврати на СДСМ: Порано водата…
За разлика од некои минати времиња кога…
СДСМ: Две години водата во Гостивар не…
СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека…
Филипче: Во мое време немаше труење на…
Венко Филипче, претседател на СДСМ, на обвинувањата…