ВЛЕН: Блерим Беџети молчеше, a денес ги манипулира албанските студенти

t

Постои едно едноставно прашање на кое Блерим Беџети им должи одговор на секој студент, правник и Албанец – што направи во текот на 1058-те дена додека беше министер за правда за правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик? Одговорот е болен, но јасен – ништо, соопштија од ВЛЕН.

„Цели 1058 дена беше на чело на Министерството за правда, со целосни надлежности, целосна моќ и целосна можност да го реши ова прашање. Не го направи тоа. Молчеше. Го остави проблемот отворен, а денес се обидува да се претстави како заштитник на кауза што самиот ја напушти додека беше министер“, соопштија од ВЛЕН.

Од ВЛЕН велат дека ова не било ниту прв, ниту последен пат Беџети и ДУИ да потфрлат во заштитата на интересите на Албанците.

„Граѓаните не го заборавија ниту објавениот разговор во кој, во комуникација со Муса Џафери, се слуша озлогласената реченица: Ајде, еден Албанец помалку во обвинителството нема да не однесе во Рај. Оваа реченица не е лапсус. Оваа реченица е начин на размислување. Таа покажува како Албанците биле третирани со години од оние кои знаеле да зборуваат во име на народот, а зад затворени врати ги продавале позициите што им припаѓаат на Албанците“, велат од ВЛЕН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Блерим Беџети молчеше, a денес ги…

Постои едно едноставно прашање на кое Блерим…

ВЛЕН: Беџети молчеше додека беше министер за…

Постои едно едноставно прашање на кое Блерим…

По затворањето на друштвото за брзи кредити,…

Партијата Вреди ги охрабрува државните институции да…

ДУИ: ОД РЕНТ-А-КАР ДО ЛУКСУЗНИ АПАРТМАНИ: ОД…

Соопштение на политичката партија ДУИ Денеска објавуваме…

ВЛЕН: Против кого протестира Бујар Ахмети, против…

Денес политичката иронија го достигна врвот, велат…