ВЛЕН: Беџети молчеше додека беше министер за правда, а сега сака да ги манипулира студентите Албанци
Постои едно едноставно прашање на кое Блерим Беџети им должи одговор на секој студент, правник и Албанец: што направи во текот на 1058-те дена додека беше министер за правда за правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик? Одговорот е болен, но јасен – ништо, велат од ВЛЕН.
„Цели 1058 дена беше на чело на Министерството за правда, со целосни надлежности, целосна моќ и целосна можност да го реши ова прашање. Не го направи тоа. Молчеше. Го остави проблемот отворен, а денес се обидува да се претстави како заштитник на кауза што самиот ја напушти додека беше министер“, се наведува во соопштението на владејачката партија.
Од ВЛЕН велат дека ова не било ниту прв, ниту последен пат Блерим Беџети и ДУИ да потфрлат во заштитата на интересите на Албанците.
„Граѓаните не го заборавија ниту објавениот разговор во кој, во комуникација со Муса Џафери, се слуша озлогласената реченица: ‘Ајде, еден Албанец помалку во Обвинителството нема да нè однесе во рај.’ Оваа реченица не е лапсус. Оваа реченица е начин на размислување. Таа покажува како Албанците биле третирани со години од оние кои знаеле да зборуваат во име на народот, а зад затворени врати ги продавале позициите што им припаѓаат на Албанците. Затоа не е случајно што не го решија ниту прашањето за полагање на правосудниот испит на албански јазик. Не е случајно ниту тоа што работните места што им припаѓаа на Албанците често завршуваа во политички пазари со тогашната власт и со мрежите на Никола Груевски и Сашо Мијалков“, велат од ВЛЕН.
Додаваат дека Беџети пред да зборува за правосудниот испит на албански јазик, треба да им објасни на Албанците зошто не го решил овој проблем во текот на 1058-те дена додека беше министер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: ВЛЕН со дискриминаторско, незаконско и условено…
Демократската унија за интеграција остро реагира на…
ВЛЕН: ДУИ ЌЕ МОРА ДА ОДГОВОРИ ЗА…
ВЛЕН јасно и без никаква резерва го…
Влен до ДУИ: Ако имавте обезбедено пари…
Соопштение на ВЛЕН ВЛЕН ДЕНЕС ГРАДИ, ДУИ…
ВЛЕН: Заменик-министрите на ДУИ молчеа кога Албанците…
ДУИ уште еднаш ја активираше својата фабрика…
ДУИ до ВЛЕН: Молкот пред величењето на…
Молкот пред величењето на геноцидот е толеранција,…