ВЛЕН: Владата предводена од ВЛЕН го поддржа Гостивар, вината е кај Арбен Таравари
Она што се случува со водата за пиење во Дебреште е скандалозно. Тоа ја покажува хаотичната состојба во која е оставена Општина Гостивар. Ова е последица на долгогодишно лошо управување, на општина оставена во неред, со долгови, наталожени проблеми и сериозен недостаток на одговорност, велат од ВЛЕН.
Од таму посочуваат дека за ова е виновен нивниот доскорешен коалиционен партнер, Арбен Таравари.
„Арбен Таравари со години го раководеше Гостивар и ја остави општината во тешка состојба. Ја задолжи, ја остави со инфраструктурни проблеми затоа што не му беа важни граѓаните, туку сопствената политичка кариера. Затоа се поставува прашањето: зошто Арбен Таравари не излезе да понесе одговорност за состојбата што самиот ја остави зад себе? Зошто го остава актуелниот градоначалник сам да се справува со проблемите, кога има само четири месеци мандат? ВЛЕН се солидаризира со жителите на Дебреште и целосно ги разбира нивната загриженост, револт и животна потреба. Затоа очекува од локалните институции и јавните претпријатија да ги преземат сите неопходни мерки за што побрзо нормализирање на водоснабдувањето. За граѓаните не се важни оправдувањата, туку резултатите. Решавањето на овој проблем мора да биде апсолутен приоритет“, стои во нивното соопштение.
Од таму додаваат дека Гостивар е подддржан со над 50 проекти.
„За разлика од оние што ја оставија општината во долгови и проблеми, Владата предводена од ВЛЕН го поддржа Гостивар со над 50 проекти, докажувајќи дека на овој град му се потребни решенија, а не бегање од одговорност“, соопштија од ВЛЕН..
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Владата предводена од ВЛЕН го поддржа…
Она што се случува со водата за…
На 1 јули започнуваат уписите во Средното…
Министерството за внатрешни работи преку Полициската академија…
Американските разузнавачки агенции го предупредија Трамп дека…
Американските разузнавачки агенции ја предупредија администрацијата на…
Брнабиќ со тешко обвинување кон студентите: „Сакаа…
Брнабиќ со најтешко обвинение досега го нападна…
Трамп: Иран е воено поразен, Обама и…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…