ВЛЕН: Османи е навлечен на фотелја, а Беџети коленичи пред ВМРО за да стане дел од Владата

t

Коалицијата ВЛЕН излезе со свој став откако потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи, реализира дводневна работна посета на Брисел, каде одржува средби со високи претставници на европските институции и на Европскиот парламент. Прашуваат „со кој легитимитет може да ги застапува Албанците, кога пред само неколку месеци изгуби дома, во Чаир, од своите“. Во својата реакција, го споменуваат и името на пратеникот на ДУИ, Блерим Беџети.

„Од 22 години власт на ДУИ со СДСМ и ВМРО, Бујар Османи помина 3.670 дена во министерства, во власт и во дипломатски салони. Толку е навлечен на фотелја што е подготвен не само ДУИ да ја држи како заложник на своите апетити, туку и целиот албански народ да го претвори во жртва на неговата желба за власт. Усул да се немало!

Друг пример за вечен фотељаш е „европеецот” Блерим Беџети, со над 15 години, односно 5.500 дена по функции. Три мандати беше градоначалник на Сарај, беше министер за правда, беше и главен соработник на Данела Арсовска, преку која раководеше со неколку јавни претпријатија во Град Скопје. Сега е пратеник кој рони солзи за ЕУ-интеграциите и наводно ги штити правата на Албанците.

Со други зборови, коленичи пред ВМРО за да стане дел од нивната влада. Не може ни неколку месеци да издржи без власт. И тој, како Бујар, е венчан за кожна фотелја. За друго не знаат“, стои во ставот од партијата.

ВЛЕН им порачува на, како што вели, чесните членови на ДУИ да се освестат.

„Али Ахмети од 2001 година нема никаква врска со денешниот Али Ахмети. Сè е сведено на гол клиентелизам. Само тендери и пари им се во главите. Наративот дека политичките и демократските права на Албанците се заштитени само ако Бујар и Блерим се министри е дрско потценување на интелигенцијата на нашиот народ. Оваа демагогија на Али Ахмети и ДУИ веќе не поминува ниту во Македонија, ниту на Косово, ниту во Албанија. Живееме во 2026 година, а тие се заглавени во 2008. Сонуваат Груевски да го вратат од Будимпешта и, заедно со Мијалков, повторно да владеат. Не разбираат дека тој филм повеќе нема да го гледаат. Без вистински внатрешни, програмски и кадровски реформи, ДУИ е многу поблиску до распад отколку до каква било шанса повторно да стане власт“, порачуваат од владејачката коалиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Османи е навлечен на фотелја, а…

Коалицијата ВЛЕН излезе со свој став откако…

МАЕИ: Македонскиот јазик е темел на нашето…

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса…

Како со маските во пандемијата, така сега…

Земјите што имаат можност да платат за…

Мицкоски: Инфлацијата на храната нема да надмине…

Инфлацијата за основните прехранбени производи не се…

Цените на сировата нафта паѓаат, но барелот…

На лондонскиот пазар, барел нафта од типот…