МАЕИ: Македонскиот јазик е темел на нашето постоење и наше најсилно обележје
Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) упати честитка по повод 5 мај, Денот на македонскиот јазик, до сите Македонци каде и да се.
Со посебна гордост и длабоко чувство на припадност, го одбележуваме овој значаен ден, негувајќи го македонскиот јазик, затоа што само со него ние сме Македонци, стои во честитката.
Се додава дека оваа година се одбележува и 82-годишнината од непрекината настава на македонски јазик во Преспа “нашата лулка на македонската култура и образование во Албанија”.
Посебна благодарност упатува до сите наставници кои дале сè од себе за да го зачуваат и пренесат мајчиниот јазик до новите генерации.
Се посочува дека македонскиот јазик денес се зборува и негува не само во Преспа, туку и во Голо Брдо, Гора, Девол и во многу албански градови каде што живеат Македонци, Тирана, Драч, Елбасан, Поградец, Корча, Билишта и други.
Секое говорено, напишано и прочитано македонско слово е дел од борбата за зачувување на нашиот идентитет. Затоа, токму денес, а и секој ден, да се потсетиме дека мајчиниот јазик не е само алатка за комуникација – тој е духовна и културна вредност, темел на нашето постоење и наше најсилно обележје. Да го чуваме, негуваме и пренесуваме македонскиот јазик со љубов, гордост и достоинство, се порачува во честитката на МАЕИ, потпишана од Васил Стерјовски, претседател на партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин: Во контакт сме со Илон Маск
Русија е во контакт со американските партнери,…
ТАВ Аеродроми: Над 3,6 милиони патници за…
Порастот на бројот на патници на двата…
Нова пријава против Стојна Димитровска – повторно…
Нова пријава против кратовката која го узурпираше…
Мицкоски до граѓаните на Брвеница: Не гласајте…
Зборувајќи за претстојниот втор изборен круг на…
Митева: Позитивни економски сигнали од Светската банка…
Најновите извештаи на Светската банка и Европската…