ВМРО-ДПМНЕ: Коларевиќ е еден од „семејните кадри“ на СДСМ и ДУИ, затоа е стопиран предметот за мазутот
Катерина Коларевиќ, обвинителката која ја стопираше истрагата за случајот „Мазут“ тежок 167 милиони евра, според ВМРО-ДПМНЕ е дел од мрежа на блиски релации меѓу СДСМ, ДУИ и обвинителско-судскиот систем.
Дали Коларевиќ по насока на шефот на ОЈО ГОКК Ислам Абази и насока на Венко Филипче, Зоран Заев и Али Ахмети ја стопирала постапката, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата обвинува дека таткото на Коларевиќ е еден од „семејните кадри“ унапредени во времето на СДСМ и ДУИ и дека унапредувањето е типична политичка номинација, а не професионален развој.
„Павле Марков, во 1998 година од тогашната влада на СДСМ е избран за државен правобранител, додека, пак, мајка ѝ Вера Маркова, во 2004 од коалицијата СДСМ и ДУИ е избрана за уставен судија“.
Понатаму во текстот се спомнува блискоста на Ислам Абази со шефот на ДУИ, Али Ахмети, како комшии во Зајас.
„За блискоста на Ислам Абази со Ахмети како комшија од Зајас, на кого според јавно достапни фотографии може да се види како на глава му седи неговиот брат Фекри Ахмети, сите знаат“.
ВМРО-ПМНЕ обвинува дека обвинителката Коларевиќ, блиска до СДСМ и ДУИ, добро знае дека во економскиот криминал или штета на државниот буџет, како што е случајот со ТЕЦ Неготино, се утврдува со економско вештачење, а не со изјави дадени од некомпетентни и неовластени лица вработени во ЕСМ.
„И од ЕСМ јасно потенцираа дека испитаните лица во постапката, не биле ниту одговорни, ниту компетентни лица да проценат штета и да утврдат економски криминал со набавката на мазутот.
Но, со скандалозната одлука за стопирање на истрагата за овој случај тежок 167 милиони евра за кој постојат силни индиции и сомнежи за перење пари и тендерски криминал, станува јасно дека решението на Абази и Коларевиќ не е поткрепено со правно-обвинителски аргументи, туку веројатно е добро подмачкано со прескапиот мазут“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Понатаму, ВМРО-ДПМНЕ прашува:
„Од овие прости причини се јавува потребата да се постави прашањето, дали поради тоа обвинителката Коларевиќ во случајот со мазутот тежок 167 милиони евра, не постапувала со главен мотив да ја открие вистината, туку за да го заташка, како што ја стопираше постапката, за од кривична одговорност да ги спаси Васко Ковачевски, Адријан Муча, Асмир Јахоски и другите блиски до Ахмети, Заев и Филипче“.
Оттука ВМРО-ДПМНЕ го тврди следното:
„Или подиректно, дали Коларевиќ како обвинителка поради свои интереси и по насоки од блискиот до ДУИ, Ислам Абази, кои доаѓаат директно од врхушката на СДСМ и ДУИ, односно од Ахмети, Заев и Филипче, ја сопре постапката за овој случај вреден 167 милиони евра?
Очекуваме одговори, затоа што јавноста има право и заслужува да ја знае целата вистина, додека Советот на јавни обвинители има обврска да го истражи работењето и постапувањето и на Абази и на Коларевиќ.
За да се воспостави правна држава и да се врати довербата на граѓаните во правосудството, која сега е минорни 2%, потребно е и обвинителите да подлежат на професионална, дисциплинска и кривична одговорност, доколку се докаже нивно противправно делување. Македонија заслужува правда и одговорност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Коларевиќ е еден од „семејните кадри“…
Катерина Коларевиќ, обвинителката која ја стопираше истрагата…
СДСМ: Македонија е шеста најсиромашна земја во…
Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа,…
Филипче најави Фронт за вистина и правда:…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната…
Вреди: ДУИ ги злоупотребува студентите за да…
Вреди обвини дека дел од студентските протести…
Филипче: Мицкоски нема ниту капацитет, ниту познавање,…
Загрижувачка е состојбата со буџетот и финасиите,…