Вреди: ДУИ ги злоупотребува студентите за да се врати на политичката сцена

t

Вреди обвини дека дел од студентските протести се злоупотребуваат за политички цели на ДУИ и дека зад нив стојат функционери и структури блиски до партијата.

Од Вреди соопштија дека, според нив, дел од студентите кои протестираат не ги претставуваат реалните студентски барања, туку, како што велат, „агендата на ДУИ“.

„Овие не се гласот на студентите, туку гласот на ДУИ. Станува збор за политички инструмент на партија која по 20 години власт се обидува преку младите повторно да се врати на политичката сцена“, наведуваат од таму.

Во реакцијата се посочува дека ДУИ во изминатите две децении имала значајни позиции во власта, но, според Вреди, не успеала да го реализира полагањето на правосудниот испит на албански јазик.

„Истите тие кои молчеа сите овие години, сега ги изнесуваат децата на нивните функционери на протести. Прашањето е против кого протестираат – против своите родители“, стои во соопштението.

Од Вреди оценуваат дека ваквиот пристап претставува обид за политичка манипулација со младите и додаваат дека нема да дозволат студентите да бидат користени за партиски интереси.

Коалицијата порачува дека ќе работи на решавање на прашањата кои, според нив, останале нерешени во изминатите години, вклучително и правосудниот испит на албански јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ бара брзи предвремени парламентарни избори!

ДУИ бара брзи предверемени избори по победата…

(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница

Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…

Официјално: Кандидатот на ДУИ победи во Брвеница

Кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиј, победи во…

(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…

Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…

ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…

Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…