ВМРО-ДПМНЕ: Македонската дијаспора е жртва на блокадата на СДС, Левица и ДУИ

t

Блокадите што СДС, Левица и ДУИ ги спроведуваат во Собранието се насочени директно против граѓаните. Најголема жртва на нивната неодговорна политика е македонската дијаспора, која повторно е ставена во втор план поради теснопартиски интереси на СДС Левица и ДУИ, веалт од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС, Левица и ДУИ со нивните опструкции на законските решенија што треба да ги олеснат административните процедури и да ги подобрат услугите за нашите иселеници, јасно покажуваат дека политичките пресметки им се поважни од потребите на стотици илјади македонски граѓани кои живеат и работат надвор од државата. Македонската дијаспора со години дава огромен придонес за развојот на државата. Таа инвестира, помага на своите семејства, отвора можности за нови економски врски и ја промовира Македонија низ светот. Наместо да им се овозможат побрзи, поефикасни и подостапни услуги, СДС, Левица и ДУИ одлучија да ги блокираат процесите за олеснување на гласањето и носењето на новиот Изборен законик“, соопштија од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нивната цел е модерна, ефикасна и достапна администрација која ќе биде вистински сервис за дијаспората.

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто определена да работи во интерес на сите македонски граѓани, без разлика дали живеат во татковината или надвор од неа. Нашата цел е модерна, ефикасна и достапна администрација која ќе биде вистински сервис за дијаспората. Ги повикуваме СДС, Левица и ДУИ да престанат со деструктивните блокади и конечно да покажат чувство на одговорност. Интересите на македонската дијаспора не смеат да бидат заложник на дневнополитички калкулации. Македонија има обврска да ги поврзува своите граѓани, а не да дозволи некој да ги оттурнува поради политички мотиви“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европа гори: Огнена стихија од Португалија до…

Европа се соочува со едно од најтешките…

„Поскапувањето на горивата е уште еден доказ…

СДСМ преку соопштение оцени дека најновото поскапување…

Повеќето возила неисправни, милионски долгови и пропусти…

Сериозни финансиски, организациски и технички слабости во…

АРГЕНТИНА ДОЖИВУВА МОНЕТАРЕН КОЛАПС: Пезосот изгуби 99,8%…

Аргентинската валута пезос достигна ново најниско ниво…