ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија со најниски цени на горивата во регионот
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение оценува дека мерките што ги презема Владата во услови на енергетска криза даваат резултати и оти Македонија и натаму има ниски малопродажни цени на горивата во споредба со земјите од регионот.
Од партијата посочуваат дека актуелната цена на бензинот БС-95 во Македонија изнесува 99 денари за литар, додека дизелот се продава по 104,5 денари за литар. Цените се утврдени со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, која е во сила од 22 септември 2026 година.
Во споредбата што ја објави ВМРО-ДПМНЕ, бензинот во Грција се посочува како околу 30 проценти поскап и изнесува 129 денари за литар, во Албанија 126 денари, а во Србија 108 денари. Во Хрватска цената е 107 денари, во Црна Гора и Словенија 106 денари, додека во Босна и Херцеговина е 104 денари.
Од партијата ги споредуваат и цените на дизелот. Според нивните податоци, во Албанија литар дизел чини 147 денари, во Грција 126, а во Србија 124 денари. Во Словенија цената е 122 денари, во Хрватска 119, во Црна Гора 117, а во Босна и Херцеговина 116 денари.
ВМРО-ДПМНЕ наведува дека разликите во цените значат помал трошок за полнење на резервоарите на возилата и поголем простор во семејните буџети.
Од партијата како дел од мерките ги издвојуваат намалувањето на ДДВ и акцизите, за кои оценуваат дека придонесуваат за одржување на цените на горивата под контрола.
„Мерките коишто ги презема Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за време на енергетската криза даваат резултати“, наведуваат од партијата, додавајќи дека Владата, според нив, се води од интересите на државата и животниот стандард на граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија…
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение оценува дека мерките што…
Македонците ќе плаќаат петпати повисок данок за…
Македонските граѓани кои планираат да купат стан…
САД планираат да отворат две воени бази…
САД планираат повторно да отворат две поранешни…
Познат скопски доктор нападнат во својата ординација,…
Гинекологот Дејан Огненовиќ завршил со скршен вратен…
Кина влегува на средбата со Трамп од…
Средбата меѓу Доналд Трамп и Си Џинпинг…