ВМРО-ДПМНЕ: Милионскиот криминал во Лотарија води до кадри од времето на СДС и ДУИ

t

ВМРО-ДПМНЕ реагираше по отворањето истрага за проневера во „Државна лотарија“, тврдејќи дека двете осомничени службени лица работеле во компанијата во периодот на владата предводена од СДСМ, кога Димитар Ковачевски беше премиер, Артан Груби вицепремиер, а Перпарим Бајрами директор на компанијата.

Основното јавно обвинителство Скопје денеска отвори истрага против две финансиски раководителки во „Државна лотарија“ поради основано сомнение за проневера во службата. Според Финансиската полиција, станува збор за директорка на Секторот за финансии и сметководство и шефица за финансиски работи.

Според пријавата, во текот на 2024 година тие не го депонирале дневниот промет од продажните места на компанијата и подигнувале средства од нејзините банкарски сметки, при што се сомничат дека противправно присвоиле средства во вкупен износ од речиси 80 милиони денари.

„Јавноста треба да знае дека овие лица се во Државна лотарија од времето на Димитар Ковачевски – Таче, кога Артан Груби беше вицепремиер, а Перпарим Бајрами беше генерален директор на Државна лотарија“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека јавноста треба да ги знае сите детали за случајот, особено по информациите дека дел од средствата на државната компанија, според сомневањата на истрагата, биле користени и за купување предмети за лична употреба, меѓу кои брендирани чанти.

ВМРО-ДПМНЕ во соопштението го поврзува актуелниот случај и со претходните постапки за финансиски злоупотреби во „Државна лотарија“, нагласувајќи дека за дел од поранешните функционери веќе се водат одделни судски постапки.

Од партијата потенцираат дека со реакцијата сакаат да посочат во кој период осомничените биле ангажирани во компанијата, додека за нивната евентуална кривична одговорност ќе одлучуваат надлежните институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Милионскиот криминал во Лотарија води до…

ВМРО-ДПМНЕ реагираше по отворањето истрага за проневера…

Крвава пресметка во „Идризово“: Затвореник прободен со…

Двајца осуденици вчера се степале во амбулантното…

Кинеска автомобилска инвазија: Половина од кандидатите доаѓаат…

Кинеските производители имаат рекордно силно присуство во…

Црна Гора пред вратите на ЕУ: Кос…

Црна Гора би можела да го заврши…

Ѓорѓиевски: Поголемата поддршка од Владата носи нови…

Зголемената финансиска поддршка од Владата за општините…