ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство на анкетите, СДСМ и ДУИ со речиси ист рејтинг

t

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство на анкетите. Според анкетите кои денеска на брифинг со новинарите ги сподели претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ има 25,5% рејтинг, додека СДСМ 8,6% од вкупниот број на испитаници. Од определените гласачи, повторно најголемиот број се определуваат за ВМРО-ДПМНЕ со 42%, додека за СДСМ се 12% од определените гласачи.

Од вкупниот број на испитаници, ДУИ има 8%, ВЛЕН 7%, Левица 6%, а ЗНАМ 2,3%.

Од определените гласачи ДУИ има 13%, ВЛЕН 11,5%, Левица 10% и ЗНАМ 3,85%.

Просекот на рејтинзи од 3 анкети го покажува следново
ВМРО-ДПМНЕ → 25,2% од вкупниот број на испитаници и ≈42% од определените испитаници
СДСМ → 8,6% (14,4%)
ДУИ → 8,1% (13,6%)
ВЛЕН → 6,8% (11,4%)
ЛЕВИЦА → 6,2% (10,4%)
ЗНАМ → 2,3% (3,85%)
Друга партија → 2,5% (4,2%)
Приближно 59,7% од испитаниците се определени.

Според анкетите излезноста би била околу 950.000.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство на анкетите, СДСМ…

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство на анкетите.…

Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал…

Митото од 2.000 евра кое Богац го…

Кузеска: СДСМ отвори ново поглавје за иднината…

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска –…

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче на иста линија со…

Признанија и пофалби за работа на Владата…

ВМРО-ДПМНЕ: Колку пари треба Богац да украде,…

Претседателот на СДС, Венко Филипче организирал некаква…