Кузеска: СДСМ отвори ново поглавје за иднината на Македонија

t

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извшрниот одбор

Со „Скопската иницијатива“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување.

Етапа заснована на вредностите на социјалдемократијата, борбата за подобар животен стандард, борба против корупцијата и за европска иднина за Македонија.

Програмската платформа „Твоја држава, твоја шанса“ во конечната форма е јавно достапна и објавена. Тоа е визијата на СДСМ за модерна, праведна и европска држава во која институциите работат за граѓаните, трудот е вреднуван, а младите имаат причина да останат и да ја градат својата иднина дома.

Во време кога илјадници млади луѓе ја напуштаат државата во потрага по подобри можности, платформата нуди конкретни политики за нивна поддршка: пристап до достоинствено вработување, повисоки плати, достапно домување, квалитетно образование, модерни студентски стандарди и еднакви можности за развој без партиски книшки и врски.

СДСМ смета дека најголемиот предизвик за младите денес не е само економската несигурност, туку чувството дека системот не е праведен. Токму затоа централно место во платформата има борбата против корупцијата и воспоставувањето систем во кој институциите функционираат без политичко влијание а законот важи еднакво за сите.

Нов антикорупциски закон, темелен ветинг на сите избрани и именувани функционери, целосна проверка на потеклото на имотот, нови институциите за борба против корупцијата, дигитализација на услугите и воспоставување механизми што ќе спречат партизација и злоупотреба.

Платформата нуди решенија за економските предизвици со кои се соочуваат граѓаните: поголеми плати и пензии, заштита на работничките права, фер и правично оданочување, поддршка на домашното производство, подобра социјална заштита, образование, поддршка на земјоделците.

Преку „Скопската иницијатива“, СДСМ ја потврди својата улога како обединувачки фактор на поширокото прогресивно движење во регионот и Европа, кое се спротивставува на корупцијата, авторитарноста и антиевропските политики.

Европа не е апстрактна политичка цел, туку подобар живот дома, повисоки плати, владеење на правото и повеќе шанси за секој човек.

Македонија не смее да остане заглавена во национализам, популизам и политички манипулации кои ја оддалечуваат од европската иднина.

Наместо поделби, СДСМ нуди визија за обединување околу државните интереси, економски развој и европски вредности преку поширок Фронт за вистина и правда.

Фронтот за вистина и правда не е партиски проект туку широко надпартиско – општествено движење отворено за сите граѓани, организации, интелектуалци, професионалци, синдикати и општествени чинители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…

Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не…

Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да…

СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…

Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…

Савески да постапи по кривичните пријави од…

Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…

СДСМ побара анализи за водата во Гостивар,…

Откако СДСМ побара да се објават анализите…