ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да престане да работи против македонските национални интереси
Филипче да престане да работи против македонските национални интереси. Венко Филипче не ги брани македонските позиции и македонските интереси, туку упорно ја застапува агендата која целосно им одговара на официјална Софија и на бугарските интереси, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
И покрај тоа што Македонија се соочува со постојани негирања на својот национален идентитет, јазик и историја, Филипче секојдневно настапува како портпарол на политиките на Бугарија кои бараат нови отстапки од македонска страна, без никакви гаранции и без никаква извесност за европската иднина на државата.
СДС и Венко Филипче не нудат визија, не нудат план и не нудат решенија. Единствената политика на СДС и Филипче е слепо прифаќање на сите барања кои доаѓаат однадвор, без притоа да покажат минимум достоинство и грижа за државните интереси.
Филипче продолжува да ја пласира истата реторика која со години ја слушаме од бугарските власти дека Македонија мора безусловно да попушта, а Бугарија не мора да направи ниту еден чекор кон почитување на македонскиот народ и неговите права.
Наместо да се бори за подобра преговарачка позиција на Македонија, Филипче упорно се бори за спас на сопствената политичка кариера. Токму затоа секој негов јавен настап е исполнет со истите пораки, истите флоскули и истите притисоци врз македонскиот народ.
Време е Венко Филипче да разбере дека Македонија нема да оди напред преку понижувања, уцени и национални отстапки. Македонија ќе оди напред само со политики кои ги штитат државните и националните интереси, а не со политики кои служат на туѓи агенди.
Граѓаните заслужуваат политичари кои ќе ја претставуваат Македонија, а не политичари како Филипче кои ќе ги оправдуваат позициите на другите држави.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена кон европскиот пат, но тој пат треба да биде базиран на принципи а самиот процес да е кредибилен и предвидлив, се вели во соопштението на владејачката партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да престане да работи против…
Филипче да престане да работи против македонските…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да престане да води политика…
Специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче,…
СДСМ: Мицкоски за брзо ќе ја чита…
Мицкоски вели дека помислил дека антикорупцискиот закон…
(Видео) Мицкоски: Нема уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ,…
Нема уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ, истакна денеска…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да сфати дека времето на…
Филипче да сфати дека времето на калкулации…