СДСМ: Мицкоски за брзо ќе ја чита рубриката „Верувале или не“ од Идризово

t

Мицкоски вели дека помислил дека антикорупцискиот закон на Фронтот за вистина и правда е за рубриката „Верувале или не“, велат од СДСМ.

„Па да му објасниме. Постојат два СДСМ во неговата глава. Едниот е оној што секој ден го напаѓа преку 40% од медиумите на криминална група ВМРО под Орбан. Со сите лаги за згради од 42 ката во Дубаи, Венеција, Харис Џиновиќ, Сент Мориц… Другиот е вистинскиот СДСМ, оној што сруши режимот заедно со граѓаните, што овозможи враќање на слободата и демократијата, и независни судови и обвинителство коишто го осудија најголемиот криминалец во Македонија, Груевски, кој е во бегство. Истиот Груевски што Мицкоски го брани, го штити и одбива да ги испрати документите за негова екстрадиција.  Оној за кој Мицкоски лажеше, иако знаел дека има унгарско државјанство. А во реланоста има еден вистински СДСМ – што ќе ги ослободи обвинителството и судовите, па тие независни правосудни институции како во секоја демократска земја ќе го осудат и Христијан Мицкоски за криминал и корупција, како водач на организирана криминална група ВМРО“, реагираат од СДСМ.

Од партијата велат дека денот на вистината и правдата се ближи.

„Тогаш, кога ќе ја чита рубриката „Верувале или не“, навистина ќе верува. Затоа што ќе ја чита од Идризово. Денот на вистината и правдата се ближи. Тогаш нема да може да си поставува свои судии, свои обвинители и да има „чувство“. Тогаш власта ќе биде во рацете на граѓаните на Македонија. Тогаш „чувство“ ќе имаат граѓаните. Реформи сега. Европа сега“, стои во соопштението од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…

Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно…

Судиите на Филипче и Ахмети повторно во…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…

СДС се познати по пропаѓањето на банки…

Мицкоски за изборите во Брвеница: Очекувам победа…

Денеска ќе имаме завршно обраќање пред жителите…