ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нуди уставни измени без заштита на државните интереси

t

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја продолжува политиката на национални отстапки без обезбедени гаранции и се обидува да ги убеди граѓаните дека уставните измени се прифатливи и покрај тоа што, според нив, нема јасни механизми за заштита на државните интереси.

Од владејачката партија наведуваат дека реториката што денес ја користи Филипче е слична на онаа што, според нив, своевремено ја користел поранешниот премиер Зоран Заев во процесот на уставните измени поврзани со промената на името на државата.

„Заев тврдеше дека тоа е последниот чекор кон членството во Европската Унија, но наместо напредок Македонија доби нови блокади, нови вета и дополнителни условувања од Франција и Бугарија“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека Филипче не нуди конкретни гаранции како би се спречиле идни блокади на евроинтегративниот процес и како би се обезбедило државата повторно да не се соочи со нови условувања.

ВМРО-ДПМНЕ повторува дека членството во Европската Унија останува стратешка цел на државата, но смета дека тоа не смее да биде причина за нови отстапки без јасен исход и без гаранции од европските институции.

„Нема да дозволиме повторно да биде прегазена волјата на граѓаните. Националните интереси мора да бидат заштитени, а секој следен чекор на евроинтегративниот пат треба да биде заснован на јасни гаранции“, порачуваат од партијата.

Оттаму додаваат дека СДСМ и ДУИ ја довеле државата во позиција да го промени уставното име без да ги добие ветените придобивки во евроинтегративниот процес и оценуваат дека Македонија подоцна станала предмет на нови билатерални спорови и блокади

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нуди уставни измени без заштита…

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека лидерот на СДСМ,…

СДСМ: Истече рокот што самиот Мицкоски си…

СДСМ обвини дека денеска истекува рокот што,…

Кузеска: Мицкоски знаел за државјанството на Груевски,…

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, изјави дека…

ВМРО-ДПМНЕ: Без гаранции од ЕУ нема да…

ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени за…

Димитриевски: ЗНАМ останува стабилен политички субјект со…

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија,…