Внукот на Тоше, Кристијан, со емотивна објава се присети на својот вујко

t

Кристијан Ристески, внукот на Тоше Проески, со емотивна објава се присети на својот вујко, на денот кога навршуваат 19 години од неговата смрт.

Тој на својот инстаграм-профил сподели две фотографии и покажа дека сè уште длабоко тагува по загубата на својот вујко.

На едната фотографија Кристијан и Тоше се прегрнуваат, а другата е од пејачот на еден од неговите настапи.

Кристијан, исто така е музичар, а љубовта кон музиката ја развивал уште како дете покрај својот вујко. Со Тоше го сними емотивниот дует „My Little One“. Кристијан имал само девет години кога ја снимиле, а песната подоцна беше објавена на постхумниот албум „The Hardest Thing“.

Во 2018 година Кристијан посериозно зачекори на музичката сцена со „We Are Blood“, на која работеше со британскиот продуцент и соработник на Тоше, Енди Рајт. Песната беше претставена на големиот концерт во Скопје во чест на Тоше, а подоцна се најде и на албумот „Secret Place“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црвен крст Скопје денеска организира крводарителска акција…

Црвениот крст на Скопје денеска во холот…

Апасиев: Чичко Тоше кој со палица се…

Драги ТЕТОВЧАНИ Се сеќавате ли на оваа…

Внукот на Тоше, Кристијан преку фото-галерија му…

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште…