Во велешкото езеро нема капење – водата има цијанобактерии и токсини

t

Според последните анализи од стручните лица од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Велес, направени овој месец, водата во вештачката акумулација езеро „Младост“ кај Велес и понатаму е забранета да се користи за капење и рекреација, се додека од страна на стручна институција не се докаже отсуство на цијанобактерии, но и цијанотоксини.

– Со тоа би можело да се изврши комплетна проценка на безбедност на водата – се вели во извештајот на оваа јавна здравствена институција објавен на веб-страницата на Општина Велес.

Од извршениот санитарно-хигиенски увид на Езеро Младост, Центар за јавно здравје Велес, констатира постоење на „видлива пролиферација на алги и појава на пена и голема количина на биомаса-густи, пифтиести, сунѓерасти наслаги со жолто-кафеава боја кои покриваат значителен дел од крајбрежјето на акумулацијата“.

Центар за јавно здравје Велес излезе со препорака која гласи „водата НЕ СМЕЕ да се користи за капење и рекреација додека не се изврши испитување од стручна институција која ќе докаже дека во водата нема цијанобактерии и не содржи цијанотоксини“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во велешкото езеро нема капење – водата…

Според последните анализи од стручните лица од…

Поранешниот министер за одбрана ја одби понудата…

Поранешниот украински министер за одбрана Михаило Федоров…

Пукање во близина на Дечани: Има мртви

дно лице е убиено денес во селото…

Бунт во Бугарија поради американските авиони: „Не…

Жителите на бугарската општина Безмер, десетина километри…

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење…

Во градот Гостивар почна хиперхлорирање на водата…