Во велешкото езеро нема капење – водата има цијанобактерии и токсини
Според последните анализи од стручните лица од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Велес, направени овој месец, водата во вештачката акумулација езеро „Младост“ кај Велес и понатаму е забранета да се користи за капење и рекреација, се додека од страна на стручна институција не се докаже отсуство на цијанобактерии, но и цијанотоксини.
– Со тоа би можело да се изврши комплетна проценка на безбедност на водата – се вели во извештајот на оваа јавна здравствена институција објавен на веб-страницата на Општина Велес.
Од извршениот санитарно-хигиенски увид на Езеро Младост, Центар за јавно здравје Велес, констатира постоење на „видлива пролиферација на алги и појава на пена и голема количина на биомаса-густи, пифтиести, сунѓерасти наслаги со жолто-кафеава боја кои покриваат значителен дел од крајбрежјето на акумулацијата“.
Центар за јавно здравје Велес излезе со препорака која гласи „водата НЕ СМЕЕ да се користи за капење и рекреација додека не се изврши испитување од стручна институција која ќе докаже дека во водата нема цијанобактерии и не содржи цијанотоксини“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Русија договорија размена на заробеници,…
Украина и Русија договорија поголема размена на…
Блокот на Ајзенкот го доби првото гласање…
Политичкиот блок предводен од Гади Ајзенкот го…
Нафтата поскапе откако Иран порача дека ќе…
Цените на нафтата пораснаа за околу два…
Претставничкиот дом ја блокираше иницијативата за импичмент…
Американскиот Претставнички дом ја запре иницијативата за…
Физички напад во Лабуништа: 36-годишник претепан од…
На 10.11.2026 година, во 09:37 часот, во…