Објавено на:

Во вторник итен состанок на ЕУ за масовните преминувања на мигранти во Сеута

t

Европската Унија во вторник преку видеоконференција ќе одржи итен состанок на министрите за внатрешни работи на земјите членки посветен на масовните преминувања на мигранти во шпанската ексклава Сеута.

Ирска, која претседава со ЕУ, денеска соопшти дека го свикала состанокот на Советот на ЕУ за правосудство и внатрешни работи, со кој ќе претседава ирскиот министер за правосудство, внатрешни работи и миграции, Џим О’Калахан.

Рано денеска, 22 држави членки на ЕУ побараа итна видеоконференција на европските министри за внатрешни работи по повод мигрантската криза во Сеута. Потписниците на барањето, меѓу кои се и италијанската премиерка Џорџа Мелони и германскиот канцелар Фридрих Мерц, го побараа овој состанок за да се процени ситуацијата настаната по илегалниот влез на повеќе десетици илјади мигранти од Мароко во шпанската ексклава Сеута. Лидерите на Франција и Португалија, земји кои граничат со Шпанија, не го потпишаа писмото.

„Не смееме да дозволиме масовните, неконтролирани преминувања на границата, инструментализацијата на миграциите или другите хибридни закани да создадат впечаток дека е можно илегално да се влезе во Европската Унија или дека илегалниот влез дополнително може да се претвори во легален престој“, наведоа потписниците на отвореното писмо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во вторник итен состанок на ЕУ за…

Европската Унија во вторник преку видеоконференција ќе…

До крајот на 2027 година Србите ќе…

Првиот потпретседател на Владата на Србија и…

Сервисираниот ер трактор повторно ставен во функција…

Сервисот на третиот ер трактор, кој беше…

САД ги предупредија граѓаните на Блискиот Исток:…

Американските амбасади во неколку престолнини на Блискиот…

Делови од Дебар соочени со недостиг на…

Јавното комунално претпријатие „Стандард“ од Дебар апелира…