Во Кичево промовирана книгата „Чувства на хартија“ на Николче Миланоски
Вчера вечер, во Центар за култура „Кочо Рацин“ – Кичево, се одржа промоцијата на првата книга на Николче Миланоски, „Чувства на хартија“.
– Посебна чест, гордост и огромна одговорност за мене е што оваа книга беше дел од Кичево Град на културата 2026 / Kërçova qyteti i kulturës 2026 , а промоцијата дел од таа убава културна приказна.

Не знам дали постои доволно голем збор со кој можам да ја опишам мојата благодарност.
Навистина… благодарам е премал збор.
Моето срце вечерва е исполнето од сознанието дека толку многу луѓе одвоија време, дојдоа, дадоа поддршка, почит и беа дел од еден од најважните моменти во мојот живот.

Огромна благодарност до Општина Кичево , Министерство за култура / Ministria e Kulturës , NUCK “Koco Racin” – Kicevo, до Ladna вода за поддршка на настанот, како и до сите што на било каков начин беа дел од ова патување, од пишувањето, создавањето, издавањето, па сè до промоцијата на книгата.
Но,НАЈГОЛЕМОТО БЛАГОДАРАМ оди до сите вас присутните !
За вашето време.
За вашата поддршка.
За вашата почит.
За честа што ми ја направивте со вашето присуство.
Вечерва пред вас стоеја моите мисли, моите чувства, моите падови, моите тишини… претворени во хартија. – наведе авторот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Кичево промовирана книгата „Чувства на хартија“…
Вчера вечер, во Центар за култура „Кочо…
Љутков: Посветени сме на заштита и унпаредување…
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков…
Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Ќе земат ли мартовска…
Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на собраниската…
Левица: Министерот – глумец контра правата на…
Министерот за култура, Зоран Љутков е тотално…
„Таа“ – десеттата приказна на “D’Reamers”, како…
Македонскиот бенд D’Reamers ја претстави својата нова…