Во Македонија влегле со уредни турски патни исправи, сакале да излезат со фалсификувани бугарски

t

На 28.11.2026 околу 08:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги лишија од слобода Б.З.(36) и 14-годишник, двајцата од Турција.

При гранична и пасошка контрола било констатирано дека на увид приложиле бугарски патни исправи и лични карти за кои постои сомнение дека се фалсификувани.

Имено, при проверка во евиденцијата било утврдено дека ден претходно тие оствариле влез во државата на ГП Меѓународен аеродром Скопје со уредни турски патни исправи, а за излез се пријавиле со бугарски документи за кои постои сомнени дека се фалсификувани.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Македонија влегле со уредни турски патни…

На 28.11.2026 околу 08:00 часот на Граничен…

Зеленски нареди целосно да се урне Кримскиот…

Украина подготвува нови напади врз Кримскиот мост,…

Приведена охриѓанка: Нападнала малолетен член на семејството

На 28.11.2026 во 21:20 часот, полициски службеници…

Снежното невреме ја парализира Бугарија, населени места…

Обилните снежни врнежи и силниот ветер предизвикаа…

(Видео) Се правеше паметен и постави албанско…

Утврден е идентитетот на лицето кое за…