Во Мермерен Комбинат-Прилеп синоќа загина 54 годишен работник
„Со длабока тага ја известуваме јавноста дека утрово во Општата болница во Прилеп, како последица од тешки повреди здобиени при извршување на работните задачи во текот на ноќната смена, почина нашиот долгогодишен колега и пријател Т.Г. (54). И покрај брзата реакција, негов итен транспорт до прилепската болница и напорите на медицинскиот тим да го спасат неговиот живот, повредите за жал беа фатални“ соопштија попладнево од Мермерен Комбинат-Прилеп.
Од таму велат дека „Раководството и сите вработени во Мермерен Комбинат се длабоко потресени од оваа трагична загуба.
„Во овие исклучително тешки моменти, нашите мисли се со семејството, роднините и најблиските на нашиот колега, до кои упатуваме најискрено и најдлабоко сочувство. Компанијата е во постојан контакт со неговото семејство и ќе ја обезбеди сета потребна поддршка и помош во овие болни мигови. Веднаш по несреќата, согласно законските прописи, беа известени сите надлежни институции. На местото на настанот се врши увид од страна на овластените органи и се преземаат сите законски предвидени дејствија за целосно расветлување на околностите и утврдување на причините кои доведоа до овој несреќен настан. Мермерен Комбинат целосно и транспарентно соработува со надлежните институции во текот на постапката“ соопштија од Комбинатот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Мермерен Комбинат-Прилеп синоќа загина 54 годишен…
„Со длабока тага ја известуваме јавноста дека…
По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира…
По децении запуштеност, спортската сала „Македонија“ во…
(Видео) Голем пожар во Прилеп, гори депонија…
Голем пожар попладнево изби во кругот на…
Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…
Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…
Прилеп добива над 9,5 милиони евра за…
Нови улици, водоводна и канализациска мрежа, социјални…