Во понеделник ќе се одлучува за замрзнување на цените на јајцата, шеќерот и оризот

t

Задутре ќе се одлучува дали ќе се замрзнат цените на јајцата, шеќерот и оризот. Анализите за овие производи се готови и во понеделник ќе се разгледуваат на седница во Владата. Надлежните засега не откриваат дали и колкав простор постои за корекција на овие цени.

Граѓаните сметаат дека мерките се задоцнети. Велат дека растот на платите и пензиите не е доволен за да ги покријат високите трошоци. Очекуваат дополнително поевтинување и на другите основни продукти.

Од друга страна, пазарните инспектори и викендов проверуваат дали се почитува одлуката за замрзнати цени на лебот, тестенините и млечните производи. За два дена направиле над 250 конторли ширум државата. „Уловиле“ само 4 маркети.

„Еден економски субјект во Охрид за непочитување на одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот и три економски субјекти за непочитување на одлуката за намалување на цената на млечните производи и тестенините, од кои еден во Охрид, Кичево и Битола. Сумата за овие четири економски субјкети за кои се издадени платни налози е 1.120.000 денари“, изјави Горан Трајковски, директор на ДПИ.

Трајковски тврди дека инспекторатот нема надлежност да ги казни фирмите кои користеа субвенционирана струја и не ги намалија цените на производите, иако три месеца плаќаа петпати поевтина струја од берзанската.

Токму затоа Владата прво ја замрзна цената на лебот на 33 денари, а потоа ги намали цените на тестенините за 15%, а на млечните производи за 10. Ваквите цени ќе важат до крајот на мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Платени 6,75 милиони евра „казна“ за непотрошени…

АД Номагас, националниот оператор на системот за…

Бруто платата во ТИРЗ во март 2024…

Анализата на ТИРЗ покажува дека просечната бруто…

Курсна листа на НБРМ: Колку чинат валутите…

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

Месото во ЕУ за една година поскапело…

Во февруари годинава, цената на месото во…

Србија има буџетски суфицит од 5,3 милијарди…

Во првите два месеци од 2024 година,…