Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

t

Со положување цвеќе и пригодна церемонија пред спомен-обележјето во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, вечерва од 18 часот ќе започнат чествувањата по повод 25-годишнината од трагичниот настан кај Карпалак, во кој на 8 август 2001 година загинаа десет прилепски бранители.

Во заседа на армискиот конвој на патот Скопје–Тетово тогаш животот го загубија резервистите Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Програмата за одбележување ќе започне во кругот на касарната „Мирче Ацев“, од каде што пред 25 години тргнал воениот конвој кон Тетово, пред да биде нападнат кај месноста Карпалак.

Во рамки на вечерните активности, делегации ќе ја посетат и Спомен-собата во касарната, а од 19 часот ќе биде положено цвеќе и пред споменикот на загинатите бранители во селото Лениште кај Прилеп. Во манастирот „Света Петка“ ќе биде отслужена и вечерна богослужба во нивна чест.

Одбележувањето продолжува и утре, на денот кога се навршуваат 25 години од трагедијата. Претставници на семејствата на загинатите, локалната самоуправа и други делегации ќе заминат на месноста Карпалак на патот Скопје–Тетово, каде ќе им оддадат почит на загинатите бранители. Предвидена е и посета на нивните вечни почивалишта во Прилеп и околните населени места.

Централната комеморативна манифестација ќе се одржи утре со почеток во 13 часот пред Спомен-комплексот во центарот на Прилеп, каде ќе биде одбележана 25-годишнината од загинувањето на десеттемина прилепски бранители кај Карпалак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од…

Со положување цвеќе и пригодна церемонија пред…

Вработен во Центарот за вработување во Прилеп…

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за…

Дефект на водоводна цевка ja поплави противпожарната…

Водоводна цевка ja поплави противпожарната единица во…

Масовна тепачка во Прилеп: Осум лица се…

СВР Битола информира дека синоќа во Прилеп…

Средношколец од Прилеп се лажел дека е…

ОВР Прилеп поднесе известување против ученик во…