Дефект на водоводна цевка ja поплави противпожарната единица во Прилеп
Водоводна цевка ja поплави противпожарната единица во Прилеп.
Дефект на водоводниот цевковод на улицата „Леце Котески“ утрово предизвика поплавување на дворот и дел од објектите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) во Прилеп. Екипи на ЈКП „Водовод и канализација“ и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од раните утрински часови се на терен и интензивно работат на лоцирање и санирање на проблемот.
Поплавувањето почнало околу 5:30 часот, а според првичните информации, најверојатно станува збор за дефект на главниот цевковод Ф-300 кој минува под улицата.
„Според нашите првични согледувања, најверојатно се работи за цевководот ‘300-тка’. Сепак, сè додека не се изврши целосен ископ на улицата, не можеме со сигурност да потврдиме за каков тип на оштетување станува збор“, изјави Катерина Димеска од ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп.
Водата од дворот и гаражите на противпожарната единица се испумпува со специјални пумпи со висок капацитет. Надлежните уверуваат дека засега нема материјална штета на противпожарните возила и опремата, иако водата стигнала до самите гаражи.
Јован Аврамоски, инспектор за заштита и спасување во ДЗС, појасни дека се користи моќна пумпа која испумпува до 1.800 литри вода во минута, додека проценетиот истек од дефектот е околу 1.500 литри во минута.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прилеп добива над 9,5 милиони евра за…
Нови улици, водоводна и канализациска мрежа, социјални…
Ангелов: Двајца пожарникари биле нападнати вчера во…
Во текот на вчерашниот ден двајца пожарникари…
Прилепчанец е уапсен, дома му нашле билбилчиња…
46-годишен жител на Прилеп доби кривична пријава…
Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од…
Со положување цвеќе и пригодна церемонија пред…
Вработен во Центарот за вработување во Прилеп…
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за…