Во сеќавање на Јовица, нека кампањата биде без навреди и поделби – порача кандидатот за градоначалник на Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ
Кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, вечерва ја претстави својата изборна програма, најави продолжување на започнатите проекти и нови инвестиции во инфраструктурата, локалната економија, образованието и дигитализацијата. Порача дека кампањата ќе ја води со достоинство, почит и човечност, без навреди и поделби, посочувајќи дека во фокусот треба да бидат општината и нејзината иднина.
Кандидатот за градоначалник на Брвеница, Стојанчо Радичевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски / Фото: ВМРО-ДПМНЕ
„Чувствувам морална обврска оваа кампања да ја водам со достоинство, почит и човечност, како што доликува на моментот во кој се наоѓаме. Оваа кампања сакам да биде без навреди и поделби, да биде чесна трка во која зборуваме за нашата општина и нејзината иднина. Во сеќавање на Јовица, да покажеме дека и кога имаме различни ставови, можеме и треба да останеме луѓе и соседи“, рече Радичевски во обраќањето.
Најави изградба, реконструкција и рехабилитација на локални патишта во Челопек, Теново, Стенче, Волковија и Блаце, како и доизградба на канализациските мрежи во Седларце, Брвеница, Челопек, Блаце и Милетино. Планирана, како што рече, е и доградба и реконструкција на општинската зграда, изградба на систем за водоснабдување во Челопек и развој на инфраструктурата во индустриската зона „Брвеница“, со цел, како што посочи, привлекување нови инвестиции и отворање работни места.
„За младите и економијата, отвораме локален иновациски фонд ‘Млади со идеи’, бизнис-инкубатор ‘Мој бизнис, моја општина’, центар за знаење и практични вештини, и програми за поддршка на женското претприемништво и руралниот развој преку ‘Село со бизнис’. Не заборавам ниту на најмладите и најстарите. Градиме нова детска градинка во Челопек, ја доградуваме градинката во Брвеница, отвораме дом за стари лица со капацитет до 50 корисници, и ќе инвестираме во енергетска ефикасност и пристапност на училиштата за децата со посебни потреби. Во дигиталната ера, воспоставуваме бесплатен интернет на јавни места, платформа за е-услуги, систем на отворени податоци и платформа ‘Ти си дел од процесот’ за директно граѓанско учество во одлуките“, посочи Радичевски.
Со проектот „Твој документ – наша работа“, кандидатот за градоначалник на Брвеница најави воведување дигитална платформа преку која граѓаните би можеле од дома да аплицираат за документи и услуги, како изводи, дозволи и уверенија, без чекање на шалтери. Граѓаните би можеле онлајн да го следат статусот на своите барања.
Тој ги повика граѓаните да се обединат и да гласаат за број 1 за, како што рече, Брвеница да продолжи да се гради.
„За да ги реализираме сите овие проекти ми треба ваша поддршка и помош. Програмата за која ја барам вашата поддршка не е листа на ветувања, туку продолжување онаму каде што застанавме. Да ја сочуваме силата на единството и да покажеме дека сплотени и обединети ќе продолжиме да работиме заедно“, порача Радичевски.
Предвремените избори за градоначалник во Брвеница ќе се одржат на 18 октомври. Изборите беа распишани откако во јуни годинава на 58-годишна возраст ненадејно почина тогашниот градоначалник Јовица Илиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во сеќавање на Јовица, нека кампањата биде…
Кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од…
Трамп жестоко го нападна Axios: „На Иран…
Американскиот претседател Доналд Трамп категорично демантираше дека…
Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со…
По средбите со претставници на Американската финансиска…
Заменик-директорот на ФБИ поднесе оставка една година…
Заменик-директорот на Федералното истражно биро (ФБИ), Ендру…
Трамп го одби иранскиот план за Ормутскиот…
Тензиите меѓу САД и Иран повторно растат…