Во сообраќајка загина 58 годишник од струмичко Добрејци – се судрил со пијан 19 годишник
МВР информира дека рано утринава околу 02:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Радовиш, во близина на с. Радичево, општина Василево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.В.(19) од с. Злеово, радовишко и патничко возило „мицубиши“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.С.(58) од с. Добрејци, струмичко.
Од здобиените повреди на местото починал возачот Р.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Во несреќата со телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „мицибуши“ Д.А.(36) од село Дабиле, струмичко.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, при што било констатирано дека Н.В. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,32 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
Кратко време пред тоа, во 00:15 часот во ОВР Валандово било пријавено дека на регионален пат во с. Марвинци, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од В.И.(26) од с. Брајковци, валандовско и мотоцикл „кавасаки“ со валандовски регистарски ознаки, управуван од М.Г.(57) од с. Марвинци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Гевгелија.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Валандово, при што било констатирано дека возачот на патничкото возило „мерцедес“ В.И. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,45 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во сообраќајка загина 58 годишник од струмичко…
МВР информира дека рано утринава околу 02:00…
Малолетник (15) од тетовско Боговиње е ранет…
МВР информира дека вчера попладне во 14:10…
15-годишно момче донесено во болница без знаци…
15-годишно момче од Гостивар било донесено во…
Возач на тротинет удри во пензионерка во…
МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…
Кривична за двајца вработени во Брза помош…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…