Во четврток ќе нема вода на две места во Скопје
ЈП Водовод и канализација известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Центар и Кисела Вода.
Како што информираат од таму, поради уличен дефект ф-80мм на улица Рајко Жинзифов бр.32, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улица Рајко Жинзифов, дел од улица Владимир Полежиновски, дел од улица Стефан Јакимов-Дедов и дел од улица Борка Талевски. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со активностите.
Исто така, поради уличен дефект ф-100 милиметри на улицата Драчевска бб (во близина на црквата), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во четврток ќе нема вода на две…
ЈП Водовод и канализација известува дека утре…
Каде одредени луѓе од „врвот“ на СДСМ…
На секоја афера која медиумите ќе ја…
Бугарија ги зголеми контролите за овошјето и…
Бугарија ги зголеми контролите на увозот на…
ЕУ ќе ѝ префрли ма Украина 1,4…
Европската унија собра 1,4 милијарди евра од…
Клековски: Анализата на водата за пиење во…
Mинистерот за здравство Сашо Клековски вечерва изјави…