Клековски: Анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена на 20 август
Mинистерот за здравство Сашо Клековски вечерва изјави дека анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август. Вели дека епидемиолошката состојба во градот постепено се стабилизира.
Клековски, гостувајќи во емисијата „Вести плус“ на телевизија „Канал 5“, рече дека земјата излегува од акутната фаза и дека бројот на новопријавени пациенти со стомачни проблеми е намален.
„Бројот на првојавени пациенти се движеше од 40 до 80 овие неколку дена. Нормалната предепидемиска појава на стомачни проблеми со дијареа и повраќање се движи меѓу 25 и 100“, изјави Клековски.
Тој нагласи дека епидемијата официјално нема да заврши сè додека не се отстрани сомнежот дека новите случаи се поврзани со користењето на водата за пиење.
Клековски рече дека постојано се настојува да се прават пријавите за заразни болести и да се вршат епидемиолошките анкети.
„И најдобрите епидемиолози во Центарот за јавно здравје и во Институтот за јавно здравје ги анализираат тие податоци. Значи, ние влегуваме во една нормалност бидејќи бројот на заболени е како во август минатата година, условно да кажам“, додаде Клековски.
Министерот додаде дека сега, по стивнувањето на акутната фаза, има доволно време да се направи анализа. Експертскиот тим од Министерството, како што посочи, работи на таа анализа. Тој соопшти дека во врска со ова, веќе се имале изјаснето сите вклучени јавни установи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски за буџетите на судството и обвинителството…
Владата не може да ги обезбеди законски…
КАН: Израелскиот кабинет ѝ наложил на армијата…
Израелскиот политичко-безбедносен кабинет ѝ наложил на армијата…
Мицкоски: Шокирачки се политичките одлуки на Врховниот…
Во гостувањето во Тема на денот во…
Трамп: Го победивме Иран, но сакаме целосна…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска прогласи победа…
Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека…